HomeАктуелноСерија емитувана пред две години на Нетфликс со неверојатна случајност на трагедијата во Кочани, режисерот бил инспириран од вистински настан што се случил во 2013 година во Бразил

Серија емитувана пред две години на Нетфликс со неверојатна случајност на трагедијата во Кочани, режисерот бил инспириран од вистински настан што се случил во 2013 година во Бразил

Серијата „Бескрајна ноќ“ која почна да се емитува на Нетфликс пред 2 години има неверојатна сличност со трагедијата во Кочани, пишува хрватски 24сата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Режисерот Густаво Липсктејн бил инспириран од вистински настан што се случил во 2013 година во градот Санта Марија во Бразил. Пожарот во дискотеката избувнал кога членовите на бендот запалиле бакљи. Во тој момент дошло до стампедо, а некои луѓе починале од вдишување чад. Повеќето од жртвите биле ученици на возраст од 17 до 30 години.

Во пожарот во клубот во Санта Марија животот го загубија 242 лица. Повеќе од 600 од нив беа повредени. Во серијата, родителите на жртвите формираат здружение за да се борат за правда и откриваат дека властите знаат повеќе од она што ѝ е познато на јавноста.

Во страотниот пожар во клубот „Пулс“ во Кочани загинаа најмалку 59 лица и повеќе од 150 се повредени. Денешниот ден, вторник, беше прогласен за ден на жалост во Србија, Црна Гора, Босна Херцеговина и во Бугарија. Во Македонија е прогласена седумдневна жалост.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.