HomeАктуелноНастани на територија на СВР Охрид каде интервенирала полицијата

Настани на територија на СВР Охрид каде интервенирала полицијата

На 17.03.2025 во 15.10 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, О.Ј. со неговото моторно возило „форд фиеста” со охридски регистарски ознаки, го попречил движењето на друго возило, кое го управувал Е.А.(24) од дебарското село Џепиште, по што со удари со раце извршил оштетување на возилото. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 17.03.2025 во 13.40 часот, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Р.Ш.(35) и Б.Ш.(55), двајцата од Струга, постапувајќи по  претходна пријава дека во семејниот дом во Струга физички нападнале 28 – годишна жена, член на семејството. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.03.2025 во 17.00 часот, Ј.С.(58) од Кичево во полициска станица пријавил дека на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод бил каснат од куче скитник.

На 17.03.2025 во 20 часот, на улицата „Туристичка” во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со агресивно однесување и закани упатени од С.Д. од Охрид кон И.Ц.(42) од Струга. Против нарушителот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.