HomeАктуелноМинатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та

Минатата година докторирале 215 лица, за 23,6 проценти повеќе од 2023-та

Звање доктор на науки во 2024 година стекнале 215 лица, што е зголемување за 23,6 отсто во споредба со 2023 година, соопшти  Државниот завод за статистика.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците кои ДЗС ги објави денеска, најголем број од лицата, 22,4 проценти, докторирале во областите здравство и социјална заштита.

Потоа, 16,7 отсто – уметност и хуманистички науки, следуваат бизнис, администрација и право со 14,4 отсто, општествени науки, новинарство и информирање со 11,6 отсто, а останатите области се со помал процент на застапеност, наведува ДЗС во објавата. 

Од вкупниот број лица што докторирале во текот на 2024 година, 106 или 49,3 проценти се жени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.