HomeАктуелноДенеска ќе се врши прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје

Денеска ќе се врши прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 04.08.2025 година (понеделник), ќе почне реализацијата на терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Терестричната дезинсекција против комарци ќе се врши од 04.08.2025 година (понеделник) до 07.08. 2025 година (четврток), од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.