HomeАктуелноМВР со детали за убиството во Кавадарци

МВР со детали за убиството во Кавадарци

За убиството во Кавадарци, лишени од слобода се три лица, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денеска во 04:56 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на улицата „Никола Минчев“ во градот, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР – Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т., на возраст од 43 години од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала смрт, појаснија од СВР – Велес.

Набргу потоа, а поради сомнение за инволвираност во настанот, од слобода биле лишени Д.Б.(26), М.Ѓ.(35) и Д.С.(27), сите од Кавадарци.

 Тие биле приведени и задржани во полициска станица. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Кавадарци и полициски службеници вршат увид на местото, на надзорните камери од казиното и по целосно расчистување и документирање на случајот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава, нагласија од СВР – Велес.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.