HomeАктуелноАнтирекорд во Преспанско Езеро – нивото падна на најниска точка во историјата

Антирекорд во Преспанско Езеро – нивото падна на најниска точка во историјата

Нивото на Преспанско Езеро продолжува да соборува антирекорди. За прв пат откако се вршат мерењата е пробиена психолошката граница од 841 m надморска висина – денеска е веќе 840,97 m, односно на кота -663 cm под референтното ниво од 847,60 m н.в., пишува професорот од Битола, Дејан Трајковски во неговата Фејсбук објава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што посочи Трајковски, моменталното ниво е уште отсега, во средината на септември, дури 19 cm пониско од ланскиот и историски минимум.

„До декември има уште долг пат да се изоди и прогнозата останува за кота -690 cm“, прогнозира професорот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.