HomeАктуелноДиректорката на Охридската библиотека потпиша Меморандум со Агенцијата за иселеништво за промоција на македонската култура

Директорката на Охридската библиотека потпиша Меморандум со Агенцијата за иселеништво за промоција на македонската култура

Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов и директорката на НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, Христина Трпеска, потпишаа Меморандум за соработка во кој се утврдуваат заеднички активности при промовирање на македонската култура од страна на иселениците, писатели кои творат во средините каде живеат и работат, а се поддржани од двете институции.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Голем број од македонските иселенци потекнуваат од Охридскиот регион, нивна желба е најчесто промоции на книги, фолклорни настапи, театарски претстави, литературни читања, екскурзии и други културни настани да се одржуваат токму во Охрид, велат од Библиотеката.

На средбата, посочуваат, се воспоставија темелите за идна и плодна соработка со надеж дека и таа ќе биде поттик иселениците и понатаму да творат и да ја негуват македонската култура, јазик и писменот и да ја пренесат на идните генерации.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.