Партијата Движење ЗНАМ – За наша Македонија, после изборите одржани на 19 октомври и бројот на гласови кои ги добија од граѓаните на Охрид, станува трета политичка сила во Охрид. Со освоени 2.116 гласа тие добија двајца советници.
И покрај тоа што многумина од политичките противници во текот на изборната кампања се обидуваа да наштетат на партијата и општинската организација во Охрид, сепак ОИШ – Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија успеа да има две советнички места во новиот состав на советот на општина Охрид.
Од партијата се заблагодарија на сите граѓани кои дале придонес за мирен изборен ден како и за сите гласови кои ги дале за нивните кандидати:
Почитувани граѓани, пријатели, драги охриѓанки и охриѓани, наши сопартијци,
Со искрена почит и огромна благодарност Ви се обраќаме на сите Вас кои ја покажавте својата лојалност, доверба и поддршка во текот на изборниот процес. Ви благодариме за поддршката, за довербата и за фер и мирен изборен ден. ️ Вашето активно учество, Вашата волја и верба во демократските вредности претставуваат вистинска сила на нашето општество.Вашата поддршка на овие избори ни дава обврска и мотивација да продолжиме со уште поголема посветеност, чесност и одговорност – да работиме неуморно за да ја оправдаме Вашата доверба, преку реални дела, конкретни резултати и политики што ќе донесат подобар живот за сите. Заедно продолжуваме да го градиме градот каков што заслужуваме – сплотен, достоинствен и полн со надеж. Честитки до советничките кои ќе нè претставуваат во Советот – со верба дека со труд, идеја и љубов ќе работат за нашиот град, залагајќи се за интересите на граѓаните и развојот на нашиот Охрид. Ви благодарам што сте со нас.ЗНАМ – и Охрид знае! – стои во објавата на Општинска организација – Охрид на Движење ЗНАМ За Наша Македонија.


Додека градоначалникот Кирил Пецаков, прогласи победа во прв круг на локалните избори, каде освои 16.565 и убедливо го победи својот против кандидат од редовите на СДСМ, Асдн Шајн кој освои 6.151 гласа.
