HomeАктуелноУтре е неработен ден – се празнува Денот на македонската револуционерна борба

Утре е неработен ден – се празнува Денот на македонската револуционерна борба

Утре, 23 октомври, е неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба – државен празник посветен на борците кои се залагале за слободна и независна Македонија. Да се потсетиме на нивната храброст и идеалот за единство, слобода и достоинство!
Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Денес, 22 октомври, во 12 часот со промоција на книгата „Охридски фолклористи“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Следи обраќање на претставник од Општина Охрид, обраќање на авторите, обраќање на уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап на Митко Колјушевски и ичениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Во 19 часот ќе се одржи свечената академија по повод празникот во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и културно-уметничка програма.

Во четврток, 23-ти октомври, од 10 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.