HomeАктуелноГрадоначалникот Пецаков и општинските делегации со почести кон охридските херои од НОБ

Градоначалникот Пецаков и општинските делегации со почести кон охридските херои од НОБ

По повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на хероината Јасна Ристеска во село Рамне, каде што се одржа панихида и културен настан подготвен од најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Градоначалникот Кирил Пецаков положи свежо цвеќе и пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата и го проследи краткиот историски час, подготвен од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

Делегации на Општина Охрид предводени од советниците во општинскиот Совет положија свежо цвеќе пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

ФОТО

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.