HomeАктуелноМакедонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Македонија трета во Европа по убиства на жени од партнер или член на семејство

Според најновите податоци на Евростат за 2023 година, анализирани од „Еуроњуз“, Македонија се наоѓа на третото место во Европа по стапката на фемицид. Земјата бележи шест убиени жени на милион жители, што ја става веднаш зад Латвија со 17 и Литванија со 10 жртви на милион жители.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Овие бројки значително го надминуваат европскиот просек од 4,1 убиена жена на милион жители, што укажува дека родово базираното насилство продолжува да биде сериозен безбедносен и социјален проблем, особено во Источна и Југоисточна Европа.

Дополнително, статистиката покажува дека жените во Европа се изложени на двојно поголем ризик да бидат убиени од блиски членови на семејството или интимни партнери во споредба со мажите, што ја потенцира врската меѓу фемицидот и семејното насилство.

Најниски стапки на вакви убиства се регистрирани во Грција (1,8), Шпанија (2) и Холандија (2,3 жени на милион жители). Податоците ја нагласуваат потребата од поефикасни мерки за превенција, заштита на жртвите и системска борба против родово базираното насилство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.