HomeАктуелноОхрид во празничен сјај: Музика, забава и незаборавен дочек на Новата 2026 година

Охрид во празничен сјај: Музика, забава и незаборавен дочек на Новата 2026 година

Охриѓани и бројните посетители кои ќе ја пречекаат Новата 2026 година на Градскиот плоштад ги очекува разновидна и богата празнична програма во рамки на манифестацијата „Охридска новогодишна приказна“, организирана од Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Празничниот ден започнува со детска театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“, во изведба на Детското драмско студио „Ден и нок“, која ќе започне во 12:30 часот. Во 14:00 часот следува концертот „Златни 80-ти“ на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“, под менторство на професорот Љупчо Аслимоски. Атмосферата ќе продолжи да се загрева со настапот на DJ Ace од 15:30 часот, со што започнува попладневната забава на плоштадот.

Вечерната програма стартува во 20:00 часот со музички сет на DJ Yuxell, по што од 21:00 часот публиката ќе ужива во настапот на охридскиот музички уметник Ѓоко Танески. Од 22:20 часот следува концерт на фолк легендата Ефто Пупиноски, а кулминацијата на новогодишната ноќ ќе ја донесе македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, кој ќе настапи од 23:45 часот.

Забавата ќе продолжи и по пречекот на Новата година, со сет на DJ Bagzi од 01:15 часот.

Празничната атмосфера ќе продолжи и на 1 јануари, кога на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“, со почеток во 20:00 часот, за добрата забава ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.