HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа ја потресе Македонија – Загина младо момче

Тешка сообраќајна несреќа ја потресе Македонија – Загина младо момче

Едно лице го загуби животот, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера околу 19:05 часот се случила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, општина Старо Нагоричане.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од СВР Куманово информираат дека патничко возило „фолксваген голф“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од С.Т.(25) од с.Нерав, кривопаланечко, удрило во куче скитник по што преминало во спротивна сообраќајна лента и дошло до директен судир со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј.(27) од с.Длабочица, кривопаланечко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничките од патничкото возило „бмв“, А.С.(20) и С.Ј.(53) двете од Крива Паланка, констатирани во Општа болница Куманово, каде што возачот С.Т. им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од СВР Куманово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.