HomeАктуелноНиколоски откри што недостигало: Поради пропусти автопатот Кичево–Охрид ќе чини уште 186 милиони евра

Николоски откри што недостигало: Поради пропусти автопатот Кичево–Охрид ќе чини уште 186 милиони евра

Изоставени се клучни елементи и затоа Собранието го продолжи рокот за доизградбата на автопатот Кичево-Охрид и одобри дополнителни пари, вели министерот за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Откако парламентот минатата недела ја одобри одлуката за продолжување на рокот до 31 мај 2027 година, при што беа одобрени уште 186 милиони евра за проектот кој се гради 12 години, Николоски вели тоа е така затоа што, меѓу другото, не се мислело ниту на банкините ниту на придружните патишта.

Иако изјавите на Николоски и изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ ветуваа завршување на автопатот до крајот на 2026 година, министерот за транспорт вели дека пролонгирањето е резултат на затекнати технички пропусти, финансиски потреби и неопходност од административно запишување на објектот.

Како еден од најголемите парадокси во досегашното планирање, министерот го издвојува недостигот на безбедносна опрема.

– Во проектот беше изоставена еластична ограда или кај народот познати како банкини. Беше изоставена жичена ограда на автопатот и беше изоставена жичена ограда којашто се става на косините. И тоа државата ќе ја чини дополнителни 37 милиони евра затоа што едноставно на почетокот не биле предвидени, вели Николоски.

Тој повтори дека не биле предвидени ниту влезно-излезни клучки, како и ниту паралелни патишта кои се стандард за обезбедување алтернативна рута без плаќање патарина. Техничките предизвици, образложи Николоски, се зголемуваат и со проблемот со свлечиштата каде што цели планини се спуштаат на трасата, па се предвиде изградба на 14 галерии по целата должина.

И покрај новиот законски рок, министерот уверува дека самата градба ќе биде завршена во ветениот термин.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.