Секојдневниот живот станува сè поскап, а граѓаните во Македонија велат дека платите повеќе не ги покриваат ниту основните трошоци.
Цените на храната, сметките и горивата постојано се менуваат, а семејствата сè почесто прават детални пресметки за да го „истуркаат“ месецот.
Во маркетите, граѓаните реагираат дека истата количина производи сега чини значително повеќе од пред неколку месеци.
Поскапувањата на струјата и горивата дополнително влијаат врз секојдневните трошоци.
„Порано купувавме без да гледаме цена, сега секој денар се брои“, коментираат граѓани.
Експертите предупредуваат дека економскиот притисок врз домаќинствата ќе продолжи, особено ако продолжат ценовните шокови на глобално ниво.
