HomeАктуелноПредложен притвор за 21-годишник кој возејќи пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино

Предложен притвор за 21-годишник кој возејќи пијан и без дозвола усмрти пешак во Марино

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишно лице осомничено за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат од ОЈО Скопје, осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство на алкохол со концентрација од 0,94% во крвта. Брзината на движење на возилото не ја приспособил кон сообраќајните услови и не обрнал внимание на пешакот Оливер Младеновски, кој веќе започнал да го преминува коловозот.

Поради тоа, осомничениот не успеал навреме да запре и со возилото удрил во пешакот, нанесувајќи му тешки телесни повреди од кои подоцна починал.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил определување мерка притвор, поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци или да стори ново кривично дело.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.