HomeАктуелноСКАНДАЛ НА ГРАНИЦА: Над 40 тони јајца шверцувани кон македонските трпези – завршија во Дрисла!

СКАНДАЛ НА ГРАНИЦА: Над 40 тони јајца шверцувани кон македонските трпези – завршија во Дрисла!

Над 40 тони свежи јајца биле запленети на граничниот премин Табановце при обид нелегално да влезат во државата и да завршат на македонските трпези како „домашно производство“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Акцијата ја реализирале инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство во координација со царинската служба, кои откриле добро организиран обид за шверц. Јајцата биле сокриени во товарно возило, внимателно маскирани зад палети со друга, уредно декларирана стока.

Според првичните информации, крајната цел била овие јајца да се пласираат на домашниот пазар и да се продаваат како локален производ, со што директно се доведува во прашање безбедноста на храната и се манипулираат потрошувачите.

По интервенција на надлежните служби, целата количина е одземена и уништена на депонијата Дрисла, со што е спречен потенцијален ризик за здравјето на граѓаните.

 За лицата инволвирани во случајот ќе следуваат санкции, а институциите најавуваат и детални проверки на нивното досегашно работење. Не се исклучува можноста да станува збор за поширока мрежа на нелегален увоз на храна.

Контролите на терен продолжуваат засилено, а од АХВ апелираат до граѓаните да бидат внимателни при купување и да внимаваат на потеклото на производите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.