HomeАктуелноДенес се одбележува годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Денес се одбележува годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Денес се одбележува годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Големиот македонски револуционер и национален херој е роден на 4-ти февруари 1872 година, во селото Кукуш како син на Никола и Султана Делчеви. Основното образование го завршува во Кукуш по што заминува да учи во Солун каде науката и литературата ги усовршува во воената школа. Има активна улога во многу политички клубови во Солун и Софија. Сепак „Лозарите“ имаат најголем удел во формирањето на неговиот револуционерен профил. Годините помеѓу 1894 и 1903 се најплодни во неговиот краток револуционерен живот. Тогаш како учител во штипско Ново Село и Банско значително придонесува во подготовките за вооруженото востание.

Од историско значење е и средбата со Даме Груев во Штип во ноември 1894 година кога го договараат организирањето на мрежа низ цела Македонија за активирање на населението. Сепак тој и неговите следбеници предупредуваа на предвременото кревање на востанието, затоа што тврдеше дека сеуште не е дојдено вистинското време и не се направени потребните подготовки за кревање на востанието.

На пат за Конгресот во Сер, во 1903 година Делчев преноќил во селото Баница. Предаден и опколен, тој беше убиен на 4-ти мај. Неговата смрт значеше откажување за многу визии на овој револуционерен херој.

Револуционерното движење во Македонија за време на Илинденското востание, пред и по него, постојано беше во фокусот на вниманието на странскиот печат, како на европскиот, така и на американскиот. Во редовните рубрики „Македонија“, „Македонското прашање“, „Народно востание во Македонија“ и други најде одраз борбата на македонскиот народ за слобода и сопствена држава. Широко одекна во печатот и загинувањето на организаторот и раководител на сеопштата борба, Гоце Делчев. Тој се опишува како „еден од најдобрите популарни мажи во Македонија“.

Македонскиот народ му оддава должна почит и се сеќава на еден од своите најголеми синови. Неговите идеи се нераскинлив дел од Македонската колективна свест и историја.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.