Старите верувања велат – кој ќе ја внесе оваа билка во својот дом пред 6-ти мај, тој ја заклучува вратата за малери и отвора широк пат за енергијата на парите. Дознајте зошто токму оваа билка е „кралица“ на ѓурѓовденските обичаи.

Станува збор за едно чудесно растение кое нашите претци го сметале за најмоќен заштитник на домот во деновите околу Ѓурѓовден.
Верувањето на нашите предци е едногласно- копривата не е само плевел, туку енергетски штит кој го чисти домот од негативности акумулирани во текот на долгата зима.
Копривата ги „пече“ лошите мисли и неуспеси
Старите биле убедени дека копривата која „пече“ всушност ги „пече“ сите лоши мисли, завист и неуспеси кои се наталожиле меѓу четирите ѕида. Обичаите налагаат овие зелени листови да се најдат на вашиот праг токму сега, за семејството да биде здраво, а паричникот секогаш полн.
Ѓурѓовден е пресвртна точка во годината, момент кога природата се буди и започнува нов циклус на среќа. Она што некогаш го правеле нашите прабаби во селата, денес со ист успех можеме да го примениме и во модерните станови. Суштината е во намерата и поврзувањето со природата.
Зошто токму копривата носи финансиски пресврт?
Копривата расте насекаде, таа е упорна, издржлива и практично неуништиво растение. Токму тие особини се потребни за стабилни домашни финансии. Кога се почитуваат ѓурѓовденските обичаи, копривата не се внесува само „ради реда“. Се верува дека нејзината боја и структура „привикуваат“ метални пари во домот.
