HomeАктуелноSPAR пристигна во Македонија: Се отвора првиот INTERSPAR маркет

SPAR пристигна во Македонија: Се отвора првиот INTERSPAR маркет

Македонскиот малопродажен пазар добива нов голем бренд – SPAR официјално го започнува своето работење во земјава со отворањето на првиот INTERSPAR маркет во Скопје, сместен во комплексот Retail Fresh Store на булевар „Македонско-косовска бригада“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Официјалното лансирање на брендот ќе се одржи на 13 мај, додека маркетот за посетителите ќе биде отворен од 14 мај. На настанот се очекува присуство на претставници од SPAR International и SPAR Македонија, како и гости од бизнис секторот и медиумите.

Од компанијата велат дека влезот на SPAR во Македонија претставува значајна инвестиција насочена кон модернизација на малопродажбата, отворање нови работни места и воведување европски стандарди во услугата и понудата.

„Со отворањето на првиот INTERSPAR маркет носиме ново шопинг искуство за македонските потрошувачи, со фокус на квалитет, добра услуга и конкурентни цени“, изјави Илир Салиху, директор на SPAR Македонија.

Новиот маркет ќе понуди широк избор на домашни и странски производи, а компанијата најавува и силна поддршка за локалните производители преку долгорочни партнерства и поголемо присуство на македонски производи на полиците.

SPAR најави дека ова е само почеток на нивното присуство во Македонија, со планови за понатамошно ширење во согласност со потребите на пазарот и потрошувачите.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.