HomeАктуелноТрагедија во Битола: 31-годишна жена убиена од сопругот, полицијата го лиши од слобода

Трагедија во Битола: 31-годишна жена убиена од сопругот, полицијата го лиши од слобода

Трагедија во Битола: 31-годишна жена убиена од сопругот, полицијата го лиши од слобода

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во Битола денеска се случи тешко кривично дело во кое животот го загуби 31-годишна жена, откако била нападната од нејзиниот 33-годишен сопруг. Настанот се случил утрово на улицата „Петта“ во населбата Баир.

Од СВР Битола потврдија дека станува збор за случај на семејно насилство и дека сторителот е веднаш лишен од слобода.

Според официјалните информации, полициски службеници го привеле А. Р. (33) од Битола, кој се сомничи дека околу 06:40 часот ја нападнал својата сопруга А. В. (31), со која не живееле заедно. Жената од здобиените повреди починала на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Битола.

Случајот предизвика вознемиреност во јавноста, а истрагата е во тек.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.