HomeАктуелноУапсени четири државјани на Албанија поради незаконит риболов

Уапсени четири државјани на Албанија поради незаконит риболов

Денеска (29.05.2026) околу 05:00 часот, од страна на полициски службеници од Регионалниот центар Запад, приведени се четири лица од Република Албанија кои биле затекнати при вршење незаконит риболов во водите на Преспанското Езеро, во период кога е во сила активна забрана за риболов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од извршените проверки било констатирано дека лицата нелегално ја преминале државната граница.

На местото на настанот бил пронајден крап со вкупна тежина од околу 60 килограми.

По целосното документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.