На 05.08.2026 во 07:45 часот во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во Охрид била прпонајдена почината И.Т.(53) од Република Белорусија. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош од Охрид, а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатата ќе се врши обдукцијa, информираат од СВР Охрид.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, додаваат од СВР Охрид.
