HomeАктуелноВо чест на 35 години државност: Охрид ја организира првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“

Во чест на 35 години државност: Охрид ја организира првата Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“

По повод 35 години од државноста на Република Македонија, Општина Охрид за првпат организира Меѓународна ликовна колонија „Лихнид–Охрид“, која ќе се одржи во периодот од 1 до 8 септември 2026 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На колонијата ќе учествуваат врвни ликовни уметници од земјата и странство, а целта е оваа културна иницијатива да прерасне во традиционална манифестација што ќе го збогатува културниот живот на Охрид и ќе ја промовира современата ликовна уметност.

Свеченото затворање на колонијата ќе се одржи на 7 септември 2026 година, во пресрет на големиот државен празник 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. На градскиот плоштад ќе биде поставена изложба на делата создадени за време на колонијата, овозможувајќи им на граѓаните и посетителите да се запознаат со творештвото на учесниците, информираат од Општина Охрид.

Називот „Лихнид–Охрид“ симболично ги поврзува античкото и современото име на градот, истакнувајќи го неговиот историски и културен континуитет. Во логото на колонијата е вклучен грбот на Општина Охрид како симбол на организаторот, додека типографијата, инспирирана од охридските бранови, ги обединува препознатливите симболи на градот со елементите на ликовната уметност. Автор на логото е академската сликарка м-р Славица Танеска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.