Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти за појава на фишинг измама преку SMS пораки, во кои се бара ажурирање на податоци преку линк.
Пораките се испраќаат од бројот +387 67 142 8204 и содржат линк до лажна веб-страница на која од клиентите се бара да внесат корисничко име и лозинка за дигиталното банкарство, стои во извествањето од Стопанска банка АД- Скопје
Станува збор за измама со цел неовластено прибирање на вашите кориснички податоци.
