HomeАктуелноЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари на отворен простор во државава

ЦУК со НАЈНОВИ информации за пожари на отворен простор во државава

Вкупно десет  пожари се регистрирани на отворен простор до 13 часот, од кои шест се активни, еден е под контрола и три се изгаснати.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека активни во моменов се пожарите во општина Прилеп – во атарот на село Чаниште, на кракот кон селата Крушевица, Лопатица и Дуње, како и на кракот кон Црна Река, каде што гори ниска вегетација; во општина Студеничани – на потегот село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, каде што пожарот зафаќа мешана шума, во општина Македонски Брод – во месноста Видуш, кај селото Драгов Дол и кај селото Локвица, каде што е зафатена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки.

Активни се и пожарите во општина Кичево – во атарот на село Тајмиште, во месноста Дарда, каде што гори високостеблеста букова шума, во општина Липково – во атарот на село Никуштак, каде што пожарот зафаќа ниска вегетација и шума и во општина Крушево – во реонот на село Белушино пожарот повторно се активира, а во село Јакреново пожарот е ставен под контрола. Таму се зафатени ниска вегетација и дабова шума.

Под контрола е пожарот на депонијата во Делчево, а изгаснати се пожарите во село Форино, општина Гостивар (ниска вегетација), во село Церово, општина Желино (ниска вегетација и папрат) и во село Мусинци, општина Могила (ниска вегетација).

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.