HomeАктуелноПецаков: Асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман по долгогодишно чекање

Пецаков: Асфалтиран патот до црквата „Свети Наум“ во Орман по долгогодишно чекање

Заврши асфалтирањето на патот што води до црквата „Свети Наум“ во селото Орман, информира градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според него, со реализацијата на овој проект конечно е решен долгогодишен проблем за жителите на селото, како и за верниците и посетителите кои ја посетуваат црквата.

„По долгогодишно очекување, жителите на Орман, како и сите верници и посетители на црквата, добиваат уреден и лесно пристапен пат“, истакна Пецаков.

Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Општина Охрид, во рамки на Програмата за уредување на градежно земјиште.

Од локалната самоуправа најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжи реализацијата на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот и обезбедување рамномерен развој на сите населени места во општината.

Видео

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.