HomeАктуелноСулејмани во работна посета на Охрид: „Тука се среќаваат традицијата и современото творештво“

Сулејмани во работна посета на Охрид: „Тука се среќаваат традицијата и современото творештво“

Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани, ја реализираше својата прва работна посета на културните установи во Охрид по стапувањето на функцијата. Во рамки на посетата, тој ги посети Центарот за култура, библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Раководствата на институциите го запознаа министерот со тековните активности, предизвиците во работењето и плановите за наредниот период. Посебен акцент беше ставен на проектите и програмите што се подготвуваат за следната година во рамки на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

На средбите беа презентирани приоритетите на установите, потребите за подобрување на условите за работа, како и можностите за реализација на нови културни содржини и проекти со кои културата ќе стане подостапна за граѓаните и посетителите.

Сулејмани истакна дека Охрид има исклучително значење за македонската култура и претставува еден од најважните културни центри во државата.

„Охрид е место каде што се испреплетуваат богатото културно наследство, традицијата и современото творештво. Наша обврска е да го зачуваме тоа богатство, но и да создадеме услови за негов понатамошен развој и достапност до сите граѓани“, порача министерот.

Тој нагласи дека Министерството ќе продолжи активно да ги поддржува културните институции преку вложувања во програмски содржини, заштита на културното наследство и создавање услови за современ културен развој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.