HomeАктуелноЗа празникот Голема Богородица организиран бесплатен превоз од Охрид до Скребатно

За празникот Голема Богородица организиран бесплатен превоз од Охрид до Скребатно

По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2026 г. (петок), Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Успение на Пресвета Богородица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тргнувањето е во 08:30 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец во 9:30 часот.

Тргнувањето за назад е во 16:30 часот.

По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно традиционално се одржува голем црковно народен собир на кој секоја година присуствуваат по неколку илјади верници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.