HomeАктуелноЗабрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро- еве до кога

Забрана за риболов и пловидба на Мавровското Езеро- еве до кога

Мавровското Езеро од денеска па сè до 7 септември ќе биде под посебен режим поради одржувањето на Светското првенство во риболов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според известувањето на Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“, во периодот од 26 август до 7 септември 2026 година се забрануваат спортскиот, рекреативниот и сите други видови риболов, како и употребата на пловни средства на езерото.

Мерката е донесена за да се обезбеди заштита на рибниот фонд, вклучително и рибите кои се пуштени во езерото специјално за потребите на натпреварувањето, кое се одржува под покровителство на FIPSed и претставува еден од најзначајните меѓународни спортско-риболовни настани.

Во текот на забраната нема да биде дозволена ниту пловидба со чамци и други пловни средства. Исклучок ќе има само за пловилата на полицијата, спасувачките служби и надлежните институции кога нивното ангажирање е неопходно за безбедноста и организацијата на првенството.

Од Националниот парк „Маврово“ апелираат до риболовците, туристите и сите посетители да ги почитуваат ограничувањата и да се воздржат од активности кои се спротивни на воведените мерки.

Забраната останува во сила до завршувањето на Светското првенство, односно до 7 септември.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.