HomeАктуелноПоддршка за првачињата во Дебрца: Доделени ранци и финансиска помош од 10.000 денари

Поддршка за првачињата во Дебрца: Доделени ранци и финансиска помош од 10.000 денари

Натпреварувајте се во знаење! Бидете љубопитни, вредни и другарувајте, бидејќи вие сте иднината на нашата општина. Ние како локална самоуправа сме тука да ви го обезбедиме најдобриот можен пат кон успехот, им порача на првачињата од ООУ „Дебрца“ градоначалникот на Општина Дебрца, Златко Сиљаноски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На денешната средба, како што информира Сиљаноски, на секое прваче му било доделено училишен ранец со сиот потребен прибор, посочувајќи дека грижата за најмладите и поддршката за нивните семејства не застанува.

Со цел директно да го олесниме семејниот буџет на почетокот од оваа учебна година за секое прваче одвоивме еднократен паричен надомест во износ од 10.000 денари. Со огромно задоволство сакам да најавам дека во завршна фаза е изработката на униформите. Многу наскоро, секое дете ќе добие свој комплет, бидејќи сите наши ученици заслужуваат чувство на припадност и еднаквост, истака Сиљаноски.

Дебрца, додава Сиљаноски, отсекогаш била расадник на таленти и од овде секогаш излегувал квалитетен кадар, луѓе кои оставаат силен белег во нашето општество.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.