HomeАктуелноГолема вест за ГРК Охрид: Ројевиќ го продолжи договорот до 2029

Голема вест за ГРК Охрид: Ројевиќ го продолжи договорот до 2029

Српскиот тренер Борис Ројевиќ и ГРК Охрид ја продолжија соработката до 2029 година

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Приказната продолжува. И сонот станува поголем. Творецот на најголемиот успех во историјата на ГРК Охрид останува на кормилото на „гладијаторите“! Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до 2029 година. Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо.

Но, ова не е крајот на приказната. Амбициите остануваат највисоки – нови трофеи, напад на шампионската титула и ГРК Охрид на местото кое го посакуваме – на врвот! Охрид, езерото, атмосферата во клубот, полните трибини и нашите навивачи го „врзаа“ Роја за градот. А, тој со својата енергија, страст и победнички менталитет стана дел од охридската ракометна приказна. Роја останува. Сонот продолжува. Заедно – по нова историја!“, порачаа од клубот.

https://www.facebook.com/share/v/1F2HnE62xV/

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.