HomeАктуелноУште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на лекување на Инфективната Клиника

Уште едно лице почина од западнонилска треска, 11 пациенти се на лекување на Инфективната Клиника

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка слика.

Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.

– Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, овој викенд – одговори директорот на новинарско прашање.

Ова е девето лице кое му подлегна на вирусот на западнонилска треска во државава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.