HomeАктуелноПовеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица

Повеќе случаи на партнерско насилство низ земјава, приведени неколку лица

Во изминатото деноноќие регистрирани се неколку случаи на партнерско насилство, со физички напади и закани, а во повеќе случаи полицијата лишила од слобода осомничени лица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во првиот случај, во 02:05 часот изутринава, во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријави дека била физички нападната од нејзиниот партнер Л.И. по претходна расправија.

Потоа, вчера во 15:00 часот во СВР Скопје, 34-годишна жена пријави дека пред три дена во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот партнер Ф.Д.С.M.(35) од Франција.

Наредниот случај е во Охрид, каде полициски службеници од слобода го лишија О.В.(49) од струмичко село, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел телесни повреди.

Случај на парнерско насилство е пријавен и во Куманово – полициски службеници го лишија од слобода М.И.(56) од кумановско, затоа што агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговата сопруга.

По целосно документирање на случајот, против лицата ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.