HomeАктуелно82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција

82-годишник почина по тепачка со 76-годишник за лежалка на плажа во Грција

Трагично завршила расправија за лежалка на популарната плажа Вулијагмени, јужно од Атина.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инцидентот се случил во неделата, околу 10 часот наутро. Според грчките медиуми, меѓу двајцата мажи најпрво избувнала расправија околу користењето на лежалките, по што конфликтот прераснал во физичка пресметка.

За време или непосредно по тепачката, 82-годишниот маж колабирал и доживеал срцев застој. На плажата му била укажана прва помош и била извршена реанимација, по што бил пренесен во болница во Вула, каде подоцна била констатирана неговата смрт.

Во случајот, според информациите на грчките медиуми, била вмешана и 21-годишна жена која била заедно со 76-годишникот. Полицијата ги привела 76-годишниот маж и младата жена, а истрагата треба да ги утврди точните околности и нивната улога во инцидентот.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.