HomeАктуелно541 возачи фатени со преголема брзина за само шест часа

541 возачи фатени со преголема брзина за само шест часа

Вкупно 541 прекршок за управување возило со брзина поголема од дозволената биле констатирани во зајакната акциска контрола спроведена од Министерството за внатрешни работи на 15 октомври, во периодот од 14 до 20 часот, на подрачјето на целата држава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што соопшти МВР, од вкупниот број прекршоци, 250 се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина надвор од населено место, додека 291 прекршок биле евидентирани во населени места.

Во текот на контролата биле констатирани и 58 други видови сообраќајни прекршоци.

За сите утврдени прекршоци биле преземени соодветни мерки согласно законските прописи.

Од МВР информираат дека зајакнатите сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на државата. Воедно, апелираат до возачите да ги почитуваат ограничувањата на брзината и да го приспособат управувањето со возилата на условите на патот, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.