HomeАктуелноАна Стојаноска вечерва ја претставува Македонија на Детската Евровизија – гласањето е отворено!

Ана Стојаноска вечерва ја претставува Македонија на Детската Евровизија – гласањето е отворено!

Македонија вечерва ќе навива за младата Ана Стојаноска, која ќе настапи на 24. издание на Детската Евровизија, што годинава се одржува на Малта. Со песната „Идната јас“, таа ќе се обиде да остави впечаток на големата евровизиска сцена и достојно да ја претстави нашата земја.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По интензивните подготовки и проби во изминатата недела, Ана е подготвена за својот настап, а поддршката од публиката може да биде значаен дел од нејзиниот евровизиски пат.

Гласањето е бесплатно и веќе е во тек преку официјалната страница vote.eurovision.com. За да гласате, потребно е да ја посетите страницата, да го погледнете видеото со песните на натпреварувачите и да изберете три земји, меѓу кои можете да ја вклучите и Македонија.

Првиот круг на гласање трае до денеска, 24 октомври, до 21:59 часот по македонско време. Вториот круг ќе се отвори по завршувањето на сите настапи и ќе трае околу 15 минути.

Во конечниот резултат, гласовите од публиката учествуваат со 50 проценти, додека останатите 50 проценти ги доделуваат националните жирија.

Ана Стојаноска ќе настапи под реден број 12, а директниот пренос започнува во 21 часот и ќе се емитува на Македонската радио-телевизија (МРТ).

Вечерва сите за Ана! Да ѝ дадеме поддршка на нашата млада претставничка и заедно да навиваме за Македонија на Детската Евровизија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.