Октомвриските пензии за дел од пензионерите во Македонија почнуваат да се исплаќаат денеска, 30 октомври, пред редовниот термин на почетокот на ноември.
Поради тоа што 1 ноември се паѓа во недела, редовниот термин за исплата би бил 2 ноември, но дел од банките овозможуваат пензионерите да располагаат со средствата уште од последниот работен ден во октомври.
Комерцијална банка, ТТК Банка и Централна кооперативна банка потврдија дека октомвриските пензии ќе бидат достапни од денеска.
Пензионерите кои користат дебитни картички ќе можат да ги користат средствата преку банкоматите и за плаќање во трговската мрежа, додека подигнувањето во филијалите ќе се одвива согласно работното време на банките.
