HomeАктуелно17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ, ПОКРАЈ ВОЗИЛОТО И ТЕЛО НА 21-ГОДИШНО МОМЧЕ

17-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ, ПОКРАЈ ВОЗИЛОТО И ТЕЛО НА 21-ГОДИШНО МОМЧЕ

Две безживотни тела беа пронајдени во Богданци, откако вчера беше откриен запален автомобил во кој се наоѓало телото на 17-годишна девојка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според неофицијалните информации објавени од ТВ Сител, истрагата се сомнева дека девојката била убиена од нејзиното 21-годишно момче, чие тело било пронајдено во близина на автомобилот. Според истите информации, момчето најверојатно си го одзело животот со бесење.

Особено загрижувачки се информациите дека малолетната девојка подолг период била жртва на насилство од страна на момчето. На почетокот на минатиот месец таа го пријавила во полиција, по што 21-годишникот бил приведен.

Засега не се познати сите околности под кои настапила смртта на девојката. Повеќе детали се очекуваат по извршената обдукција и завршувањето на вештачењата.

Надлежните институции треба да ги утврдат сите околности и евентуалните пропусти во претходното постапување по пријавата за насилство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.