HomeАктуелноСамо 3 сантиметри го делат Охридското Езеро од дозволениот природен минимум! Водостојот и понатаму е низок.

Само 3 сантиметри го делат Охридското Езеро од дозволениот природен минимум! Водостојот и понатаму е низок.

Според последните објавени мерења на УХМР од 10 ноември, нивото на езерото е на кота од 693,13 метри надморска височина. Дозволениот природен минимум е 693,10 метри, што значи дека езерото е само 3 сантиметри над минималната граница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дополнително, водостојот е 16 сантиметри под просекот за ноември, кој изнесува 693,29 метри надморска височина. Според податоците, нивото во текот на изминатата недела се намалило за дополнителни 2 сантиметри. Ниското ниво на езерото е видливо и долж крајбрежјето, каде на одделни места се забележува повлекување на водата и проширување на сувиот дел од брегот.

Охридското Езеро е едно од најзначајните природни богатства на Македонија, а ваквите податоци повторно го отвораат прашањето за неговата заштита и зачувување.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.