Полицијата трага по 23-годишна девојка од охридското село Куратица, откако било пријавено дека се оддалечила од семејниот дом.
Од СВР Охрид информираат дека случајот бил пријавен на 18 ноември во 23:30 часот.
Пријавата ја поднел 49-годишен жител на Куратица, кој известил дека од домот се оддалечила неговата 23-годишна ќерка.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на девојката.
Засега нема официјални информации за тоа каде последен пат била видена, ниту други детали за околностите под кои се оддалечила од домот.
СВР Охрид продолжува со постапувањето за нејзино пронаоѓање.
