HomeАктуелно„ОХРИД НЕ МОЛЧИ! ДОСТА Е!“: Во сабота голем граѓански протест против насилството врз жените

„ОХРИД НЕ МОЛЧИ! ДОСТА Е!“: Во сабота голем граѓански протест против насилството врз жените

Охрид во сабота ќе испрати силна порака против насилството врз жените. На 21 ноември, од 12 до 14 часот, ќе се одржи мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство, но и против институционалното непостапување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Протестот ќе се одржи под мотото „Охрид не молчи! Доста е!“, а повод за неговото организирање е загриженоста поради насилството врз жените и последниот случај што ја потресе охридската јавност – бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска.

Собирот ќе започне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, од каде учесниците ќе продолжат низ Охридската чаршија до СВР Охрид. Потоа поворката ќе се движи по булеварот „Македонски просветители“ и ќе заврши пред Основниот суд во Охрид.

Организаторите испраќаат јасна порака дека молкот, оправдувањата и ненавремената реакција на институциите мора да престанат.

„Бараме заштита, одговорност и конкретни промени. Не сакаме да чекаме да биде предоцна!“, порачуваат во повикот.

Протестот е отворен повик до граѓаните да излезат и мирно да го изразат својот револт, но и солидарноста со сите жени кои претрпеле насилство.

Пораката е јасна – насилството не смее да се премолчува, а институциите мора да реагираат навреме, пред да биде предоцна.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.