HomeАктуелноБИЛТЕН НА СВР ОХРИД: Тепачка во Охрид, пожар во Струга и кривични пријави за злоупотреба и кражба на кабли

БИЛТЕН НА СВР ОХРИД: Тепачка во Охрид, пожар во Струга и кривични пријави за злоупотреба и кражба на кабли

епачка на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, пожар во просторија на ЈП „Комунално“ во Струга, како и две кривични пријави за злоупотреба на службена положба и оштетување на јавни инсталации – се дел од полицискиот билтен за регионот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 24.11.2026 година, во 01:40 часот, на улицата „Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници привеле четири лица на возраст од 21 до 35 години, сите од Охрид.

Тие претходно биле пријавени дека во алкохолизирана состојба го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 23.11.2026 година, во 10:34 часот, во ОВР Струга бил пријавен пожар во помошна просторија што ја користело Јавното претпријатие „Комунално“ во Струга. Повредени лица нема, но била предизвикана материјална штета. Пожарот бил локализиран и целосно изгаснат со интервенција на Територијалната противпожарна единица од Струга.

Кривична пријава за нелегално изградениот хотелски комплекс во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишниот Ѓ.Ч. од Кавадарци, како и против правно лице – друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, чиј сопственик е пријавениот.

Тој се сомничи за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Според полицијата, пријавениот, во својство на надзорен орган, составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс во Охрид, на катастарска парцела „Елшани“, иако знаел дека објектот е изграден спротивно на издаденото одобрение и дека во рамки на комплексот има нелегално изведени градби.

Исечени кабли за улично осветлување кај Дебар

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 52-годишниот О.Г. од Дебар, поради сомнение за сторено кривично дело „Уништување или оштетување јавни инсталации“.

Според пријавата, на 12 ноември 2026 година, во месноста „Говедарски пат“ кај Дебар, тој со употреба на работен алат намерно ги пресекол и ги собрал каблите поставени на дрвените столбови за улично осветлување.

Со ова, како што информира полицијата, електричната инсталација за јавно снабдување со енергија и улично осветлување била направена неупотреблива во должина од околу 120 до 150 метри.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.