HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Во Охрид денеска облачно, посвежо и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

UV индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 22. степени.

– До сабота ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Денес се очекуваат пообилни количини воден талог, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на температурата, информираат од УХМР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.