На 09.06.2022 во 21.40 часот на ул.„Цар Самоил“ во Охрид, полициски
службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и
оружје го лишиле од слобода З.Р.(51) од Охрид.
При претрес во угостителски објект што тој го користи, извршен со судска
наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална
вага, дробилка и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, информираат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на
случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
