Во Охрид денеска променливо облачно време со услови за локален дожд.
UV индексот ќе биде 5, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 21. степени.
– До понеделник ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални поројни врнежи од дожд, на места пообилни и проследени со грмежи, а ќе има услови и за изолирана појава на поинтензивни процеси во форма на невреме со град. Денес и утре ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од вторник ќе настапи стабилизација со пораст на дневната температура, информираат од УХМР.
