HomeАктуелноИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

Од Општина Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид дека во четврток, на 16-ти јуни 2022 година ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одлуката е донесена согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината.

 Запрашувањето ќе се врши во период од 19:00 часот во четврток до 06:00 часот во петок. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, потег на река Грашница, Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Исто така се молат и граѓаните во тој период да го намалат своето движење на посочениот опфат, информираат од Општина Охрид.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.