HomeАктуелноДУИ организира непосредни партиски избори во 10 ограноци

ДУИ организира непосредни партиски избори во 10 ограноци

Демократската унија за интеграција денеска ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.Како што најавуваат од партијата, ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, денеска на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.– Овој целосно демократски процес се одвива во сите организациски структури, со најмалку двајца кандидати за секој локален совет или огранок. Демократската унија за интеграција ги повикува сите да станат дел од модерната градба на нашата заедничка иднина на наредните 20 години, велат од партијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По завршување на изборниот процес, како што најавуваат од партијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Тетово ќе одржи прес-конференција во 18:30 часот на која ќе ги соопшти изборните резултати. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.