HomeАктуелноTрагичен крај: Пронајден мртов Македонецот Стивен Ивановски по пожарот во Кран Монтана

Tрагичен крај: Пронајден мртов Македонецот Стивен Ивановски по пожарот во Кран Монтана

Пронајден e мртов Македонецот Стивен Ивановски, кој се водеше како исчезнат во страшниот пожар во Кран Монтана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По неколкудневна неизвесност и потрага низ болниците во повеќе европски држави, ДНК-анализата потврдила дека Ивановски не успеал да се спаси од огнената стихија.

Стивен Ивановски последен пат бил виден во новогодишната ноќ, во моментите кога избувнал пожарот во подрумскиот дел од барот, во кој животот го загубија десетици лица, а стотици беа повредени.

Неговото исчезнување предизвика бран апели на социјалните мрежи, каде семејството и пријателите бараа каква било информација за неговата судбина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.