Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по вчерашниот дожд реши да земе здив, па тркна на плажа.
По неколку неделната напорна работа на ЦУК и покрај многубројните успешни интервенции, вчера доцна вечерта информираше дека сите пожари на територијата на Македонија се изгаснати, како и дека дождот го намали ризикот од избувнување на нови поголеми жаришта.
Денес директорот на Центарот за управување со кризи на својот ФБ- профил објави дека е на заслужен одмор, но вели дека доколку службата повторно го бара веднаш се враќа назад.
Стојанче Ангелов информира дека стабилизацијата со пожарите во земјава ја искористи накратко со семејството да тркне на плажа во Грција.
ПОД ОЛИМП. Благодарение на синоќешниот дожд, со семејството тркнав до море, на ден или два, малку јужно од горе, назад сум за миг, ако почне да гори, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

